Нешто не е во ред во Манчестер Сити кога се во прашање некои играчи, а Барселона ќе се обиде да го искористи тоа.
Едноставно е неверојатно колку Пеп Гвардиола изгуби верба во своите до неодамна незаменливи верни војници во 2023 година. Во прашање се – Кајл Вокер, Жоао Кансело и Ајмерик Лапорте.
Според информациите од Каталонија, Барса го следи развојот на ситуацијата, а Каталонците се најжелни да го доведат Кансело, бидејќи десната бековска позиција е критична за нив.
Ектор Белерин и Серхи Роберто одамна не се во плановите на Чави кога се во прашање нивните најтешки ривали, поради што ги користеше Кунде или Араухо на последните клучни натпревари со Реал, Атлетико и Реал Сосиедад.
Во Барселона веруваат дека можат да го искористат незадоволството на Кансело и да го доведат за помалку пари и да завршат одлична одбрана.
Араухо, Кунде и Кристенсен би биле во ротација на стоперите, Кансело и Балде задната двојка, со помош на Алонсо, Алба, Роберто, кои ќе добијат многу помала минутажа.
Не е тајна дека Барса и Сити имаат одлични односи, минатата зима дојде Феран Торес, а претходно како слободни играчи дојдоа Ерик Гарсија и Серхио Агуеро.
Исто така, не треба да заборавиме дека Барса го сака и Илкај Гундоган, кому му истекува договорот на лето, а тој се уште нема потпишано нов со Сити.
