ФУДБАЛ

Барса ќе продаде тројца играчи

Каталонските гиганти се подготвени да ги продадат своите тројца играчи во јануари, Ракитиќ, Алена и Пуиг

Барселона е подготвена да отстрани тројца играчи од средниот ред во јануарскиот преоден рок, пренесува шпанскиот весник „Спорт“.

Иван Ракитиќ, Карлес Алена и Рики Пуиг се сметаат за непотребни од клубот, кој планира да ги продаде.

Ракитиќ би можел да заврши во Серија А, односно Интер е заинтересиран за него.

Алена би можел да заврши во Премиер лигата, во Тотенхем.

Во меѓувреме, Пуиг би сакал да остане на „Камп Ноу“, но тој би можел да биде позајмен во друг шпански клуб.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаСерија А