Марк Андре Тер Штеген ќе брани за Барселона во следните пет години.
Искусниот германски голман го продолжи договорот со Барса до 2028 година.
𝐓𝐄𝐑 𝐒𝐓𝐄𝐆𝐄𝐍 𝟐𝟎𝟐𝟖 pic.twitter.com/hzvoG9XpWK
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 25, 2023
Тер Штеген е на голот на Каталонците од 2014 година, а досега бранел на 379 натпревари.
Тој освои пет титули во Ла Лига и беше европски шампион во 2015 година.
