ФУДБАЛ

Барса понуди двајца играчи и пари за Лаутарo, Интер одби

Барселона имаше план да го олесни потписот на Лаутар Мартинез со помош на двајца играчи, но Интер сака исклучиво пари.

Репрезентативецот на Аргентина е на списокот со желби во Барселона, која сака да го пронајде „новиот Луис Суарез“ и смета дека токму Лаутаро е тој.

Сепак, проблемот лежи во фактот дека Интер не сака лесно да се откаже од својот напаѓач и, ако тоа мора да го сторат, тогаш тие сака да добие исклучиво само пари, и не се согласува на размени.

Според извештаите на медиумите во Шпанија, Каталонците биле подготвени да ги понудат Нелсон Семедо и Жуниор Фирпо како дел од договорот за Аргентинецот, кој веќе некое време е на мета на Реал Мадрид и Барселона.

Меѓутоа, Интер не планира да се согласи за ништо друго освен да го продаде 22-годишникот за 111 милиони евра, што денес, особено во времето на пандемијата на коронавирусот, е премногу дури и за гигант како Барселона.