Повеќе не е тајна дека Барселона сака да го донесе Лаутаро Мартинез од Интер на крајот на оваа сезона.
Мартинез ќе има откупна клаузула од 111 милиони евра за првите две недели од летниот рок, што е шанса Барселона да го донесе без да преговара со Интер.
Сепак, како што пишува „Тутуспорт“, каталонскиот клуб има намера да ја намали цената за аргентинскиот напаѓач и да вклучи еден од неговите играчи во трансферот. Наводно, Барселона му понудила на Интер да избере меѓу Артуро Видал, Иван Ракитиќ и Рафиња.
Сепак, од италијанскиот клуб не се заинтересирани, па затоа бараат играч кој е помлад од горенаведените. Покажаа интерес за Артур или Карлес Алена што би ги вклучиле во договорот за Лаутаро.
Исто така, се шпекулира дека Интер дури ќе се обиде да го донесе Усман Дембеле, но тешко е да се очекува дека Барселона ќе се согласи на тоа.