ФУДБАЛ

Барса влезе во трката за Пиатек

Каталонските гиганти ја бараат замената на Луис Суарез, кој поради повреда ќе недостасува неколку месеци.

Барселона влезе во трка за трансфер на напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пиатек.

Веста ја објави шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“, близок медиум до каталонскиот клуб.

Шпанскиот шампион доби тежок удар, откако се повреди Луис Суарез, кој ќе паузира неколку месеци.

Затоа, Барса ја бара неговата замена.

Поранешниот играч на Џенова е незадоволен од неговиот статус на „Сан Сиро“, од каде би можел да замине овој месец.