Познатото „Ел Класико“ ќе биде на програмата в недела во 16 часот и 15 минути на стадионот „Камп Ноу“, а тимот на Барселона нема да може да смета на младиот играч од средниот ред и новата sвезда во изработка – Педри.
Роналд Куман се мачи во досегашниот дел од сезоната, особено во европската конкуренција, дуел со најголемиот ривал за враќање на седмата позиција на табелата во Примера со 15 бода од осум натпревари.
Педри страда од повреда на мускулот, а освен него, најверојатно ниту Араухо ниту Дембеле нема да играат на најголемиот натпревар на шпанскиот фудбал.
Пред „Ел Класико“, Барселона го игра натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите дома против Динамо Киев во вторник навечер – сино -црвените ќе се обидат да стигнат до првите бодови во елитното натпреварување.
🚨 Barcelona sufre para El Clásico ante el Real Madrid ya que tanto como Araujo y Pedri no estarán disponibles. pic.twitter.com/wOyl7V3eaL
— La Catedral Deportiva (@lacatedral_lcd) October 20, 2021