ФУДБАЛ

Барселона доби нов напаѓач?

ЛаЛига му дозволи на Барселона да донесе нов играч по сериозната повреда на напаѓачот Усман Дембеле.

Неколку имиња беа поврзани со Барселона во минатото, но се чини дека Каталонците конечно го направија својот избор.

Уште во понеделникот, шпанските медиуми објавија дека менаџерот Али Дурсун пристигнал во Барселона за да ја „заврши“ работата на ангажманот на Мартин Брајтваит, 28-годишниот напаѓач на Легањес.

Патем, Али Дурсун е менаџер и играч од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг.

Сега „Мундо Депортиво“ пишува дека Мартин Брајтвајт веќе стана играч на Барселона и дека каталонскиот тим ја известил ЛаЛига дека утре ќе префрлат 18 милиони евра на сметката на Легањес, со што ја активираат клаузулата за откуп.

Се разбира, треба да почекаме за официјална потврда.

Брајтвајт пристигна во Легањес во јануари 2019 година од Мидлсборо, а овој Данец во минатото настапуваше за Есбјерг, Тулуз и Бордо. Тој има одиграно 27 натпревари за Легањес во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи осум гола и забележа една асистенција.