ФУДБАЛ

Барселона ги доби резултатите од тестовите за коронавирус

Натпреварот Атлетик – Барселона, оставен зад второто коло од шпанската Ла Лига, ќе се одигра во среда навечер според предвиденото.

Шпанските медиуми напишаа дека натпреварот може да се одложи доколку има позитивни играчи за коронавирусот во редовите на каталонскиот тим.

Сепак, по направените тестови денес, резултатите пристигнаа и нема ниту еден играч на Барселона кој е позитивен на Ковид-19, што е секако добра вест за сите во Каталонија, но и за сите нас кои планиравме да гледаме интересен дуел на Сан Мамес.

Барселона влегува во овој дуел од петтото место и со 28 бода, но со победата на тешка игра на гости, секако може да се врати во борбата за самиот врв. Лидерот, Атлетико Мадрид има 38 бода, а второпласираниот Реал Мадрид 36 бодови.

ПОВРЗАНО

Ла Лига