Роналд Куман ќе мора да се справи со сегашниот персонал на играчи во новата сезона, пренесуваат странските медиуми.
„Мирор“ наведува дека Ла Лига ја загрижи Барселона за трошење пари поради моменталната финансиска состојба во клубот, која е далеку од поволна.
Клубовите во Шпанија работат строго според правилата и финансиските мерки преземени поради новата ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Барселона моментално троши над 500 милиони евра годишно на плати и е забрането да носи нови играчи освен ако не продаде некои од сегашните sвезди за големи пари.
Последните денови како ново име на „Ноу Камп“ се споменуваше Георгинио Вијналдум, кој стана вишок со доаѓањето на Тијаго Алкантара, но засега нема да има ништо од доаѓањето на играчот на Ливерпул.
“УЕФА ги разгледува бројките кога сезоната ќе заврши, ние ги поставивме стандардите пред сезоната. Ако Барселона проба нешто, нашите аналитичари тоа ќе го забележат веднаш. Имаме финансиски систем кој е различен од финансискиот фер-плеј на УЕФА”, изјави Јорис Еверс од Ла Лига.
Некои извештаи велат дека шестмесечната криза предизвикана од избивањето на вирусот Ковид-19 ја чинеше Барселона 300 милиони евра, па платата на целиот тим беше намалена за 70%.