ФУДБАЛ

Барселона е екипата која плаќа најдобро за своите играчи

Фудбалскиот тим Барселона се врати на првата позиција како тим што плаќа најдобро за своите спортски професионалци, додека екипите на Националната кошаркарска асоцијација (НБА) окупираат седум од најдобрите 10 места за годината.

Податоците собрани од Анкетата за спортски плати покажуваат дека просечната плата за шпанските гиганти оваа сезона била 9,8 милиони фунти.

Реал Мадрид е втор на листата со просечна плата од околу 8,9 милиони фунти, додека на третото место е италијанскиот тим, Јувентус, кој го потпиша Кристијано Роналдо во 2018 година.

Според другите сознанија, шпанската фудбалска лига, Ла Лига и англиската Премиер лига се први во однос на популарноста на социјалните медиуми.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛа Лига