Екипата на Барселона успеа да ја преброди економската криза во која западна тимот во претходниот период.
Раководството на клубот на чело со Жоан Лапорт ги направи вистинските потези и долговите кои надминаа милијарда евра почнаа да се намалуваат и клубот функционира сосема нормално.
Клубот може да биде многу благодарен на играчите кои се согласија на огромно намалување на платите. Пред се, зад тимот се „повлекоа“ капитените Жерар Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Сите играат за многу помал број од договорените во договорот и така ќе бидат се додека се членови на тимот од Камп Ноу.
Според договорот со овие фудбалери, клубот ќе им исплати обештетувања по истекот на договорот, а тоа ќе бидат доста високи цифри кои инаку би ги заработиле од плати во изминатиот период.
Договорите на Жерар Пике и Жорди Алба истекуваат во 2024 година, додека Бускетс е поврзан со клубот до 2023 година.