ФУДБАЛ

Барселона го менува и името на стадионот поради парите: Знаете ли како ќе се вика од следната сезона?

Барселона е во голема финансиска криза повеќе од една година, но се чини дека проблемите наскоро би можеле да завршат.

Каталонскиот клуб немилосрдно трошеше пари во последните десет години, а тоа беше направено особено додека претседател беше Хосеп Марија Бартомеу кој потроши преку милијарда евра на засилувања во последните неколку години.

Сето тоа се оствари кога започна пандемијата на коронавирус бидејќи Барселона губеше огромни пари поради тоа. Откако Жоан Лапорта беше избран за нов претседател, дури тогаш многумина увидоа дека финансиските проблеми во Барселона се огромни.

Лапорта веќе една година се обидува да ги врати работите во нормала, а тоа донекаде успеа да го направи со тимот бидејќи некои играчи се согласија на намалување на платата.

Сепак, проблемите со пари ја чинеа Барселона заминувањето на Лионел Меси, кој не можеше да го продолжи договорот бидејќи клубот не беше во можност да го пријави како играч на оваа екипа, па на крајот замина во ПСЖ.

Сепак, се чини дека конечно доаѓаат подобри денови за Барселона бидејќи клубот од лето ќе добие нов спонзор. Актуелен спонзор на Барселона е Ракутен, а договорот истекува на крајот од оваа сезона и веќе е јасно дека нема да биде продолжен.

Лапорта успеа да најде уште неколку компании кои се заинтересирани за соработка, а со денови се пишуваше дека нов спонзор на Барселона ќе биде шведската компанија Spotify.

Барселона од овој договор би можела да заработува околу 70 милиони евра годишно, но и цената би можела да се зголеми откако се шпекулираше дека каталонскиот клуб ќе се согласи да го смени името на стадионот.

„Камп Ноу“ е дом на Барселона од 1975 година и името на стадионот никогаш не се променило, поради што клубот во минатото одби неверојатни понуди од различни спонзори. Но, сега на Барселона навистина и се потребни парите и тие се подготвени да се согласат за промена на името на стадионот.

Се очекува Spotify да ја подобри својата понуда и се очекува стадионот на Барселона од новата сезона да го носи името „Camp Nou Spotify“ или „Spotify Camp Nou“.