Ништо од трансферот на Душан Тадиќ во Барселона, јавуваат шпанските медиуми.
Новинарот Џанлука Ди Марцио вчера објави дека Тадиќ е тема на тајните преговори на Ајакс и Барселона.
Каталонците, наводно, го сметале за идеална замена за повредениот Луис Суарез, дури и велејќи дека преговорите со агентот на Тадиќ се забрзани, но дека на крајот нема да се случи сензационален трансфер.
Спротивната вест доаѓа од Барселона денес. Каталонското радио наведува дека Тадиќ всушност му бил понуден на Барселона, но дека тие не биле заинтересирани да го доведат на „Камп Ноу“ и се падна во вода.
Тадиќ на тој начин ќе остане во Ајакс, кој е во редовите од 2018 година кога пристигна од Саутемтон. Тој има постигнато осум голови оваа сезона.