ФУДБАЛ

Барселона го понижи и избрка, а тој реши да ја покаже својата вредност

“Никој во мојот живот никогаш не ме разочарал како Чави и Барселона. Тоа е се што ќе кажам за нив”, изјави 23-годишниот фудбалер Рики Пуиг по заминувањето од каталонскиот клуб.

 

Рики Пуиг целиот свој живот го помина во Барселона. Ги помина сите младински категории и му предвидуваа одлична кариера во првиот тим.

 

Сепак, тоа не го постигна во дресот на каталонскиот гигант. Главен виновник за неуспехот беше поранешниот тренер на клубот Роналд Куман, кој не му даваше премногу простор на Пуиг во клучните моменти од кариерата.

Младиот фудбалер ја загуби самодовербата. Новиот тренер Чави Ернандез го пречкрта летово и 23-годишниот играч од средниот ред мораше да бара среќа на друго место.

 

Решил да замине во Соединетите Американски Држави. За нов клуб го избра ЛА Галакси и потпиша договор на три и пол години.

 

А дека има многу квалитетен материјал веќе покажа и во вториот настап за Галакси. Изведе навистина чудесна асистенција.

 

Топката на Пуиг имаше очи. Како да беше воден од компјутер и се покажа како феноменална асистенција.

Од центарот на теренот ја испрати топката до Хавиер Ернандез Чичарито, кој ја испрати во мрежата за водство на Галакси од 2-0.

Овој потег е доказ дека Пуиг е вистински велемајстор. Сепак, очигледно недоволно за првиот тим на Барселона и затоа мораше да си замине.

 

Треба да се напомене дека овој фудбалер дебитираше за Барселона во 2018 година. Се појави на вкупно 60 натпревари и постигна два гола.

 

Сепак, тој смета дека не добил вистинска шанса. Тој реши да си замине и тоа може да биде најдобриот потег што го направи во кариерата.