ФУДБАЛ

Барселона го „предупреди“ Јувентус со фотографија од Миралем Пјаниќ

Вечерва играчите на Барселона играат на гостински терен против Јувентус во натпреварот од 2.коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб пристигнува во Торино по поразот во „Ел Класико“, додека Јуве се сопна и ремзираше за време на викендот на домашен терен против Верона.

Многумина се надеваат дека бх. репрезентативецот Миралем Пјаниќ ќе игра вечерва од првата минута, и сигурно не очекуваше дека толку брзо ќе се врати на стадионот Јувентус.

Пјаниќ беше многу расположен на последниот тренинг пред натпреварот, а Барселона објави фотографијата на Инстаграм од Пјаниќ и испрати јасна порака. Секако, јасно е дека Роналд Куман сигурно ќе го искористи Пјаниќ за да открие што е можно повеќе за Јувентус, каде БХ. репрезентативецот играше во претходните четири сезони.

„Миралем Пјаниќ многу добро го знае ова место“, напишаа Каталонците.