ФУДБАЛ

Барселона го продава Гризман, но не може во…

Францускиот напаѓач Антоан Гризман скоро сигурно ќе ги напушти редовите на Барселона ова лето.

Шпанскиот гигант е принуден да продаде неколку играчи со цел да ослободи пари за новиот договор на Лионел Меси, а еден од оние што ќе ја напушти Барселона е францускиот напаѓач.

Гризман исто така е свесен за тоа, тој се помири со својата судбина и доколку се прашува, би сакал Атлетико Мадрид да биде клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.

За таа опција е заинтересирн и Атлетико, кој е подготвен да вклучи неколку свои играчи во трансферот.

Сепак, од Барселона се јасни, односно Гриземан може да оди во кој било клуб, освен Атлетико. А, причината е Луис Суарез.

Токму Суарез го продадоа на Атлетико минатото лето, а тој постигна 21 гол во шампионатот и даде голем придонес на „јорганџиите“ за освојување на титулата.

Во Барселона тие се главно склони кон опцијата за продажба на Гризман во друга лига, но играчот исто така се прашува, па затоа ќе биде интересно да се следи оваа ситуација во наредните денови.

Да потсетиме, Гризман се стекна со светска слава во Атлетико, а минатата сезона постигна 13 голови за Барселона на шампионатот.