ФУДБАЛ

Барселона го продава Кутињо во јануари

Барселона, во јануари би можел да го продаде бразилскиот играч за врска Филпе Кутињо.

Соочени со големи финансиски проблеми во Барселона, тие се принудени да ги намалат трошоците, а според странските медиуми, еден од оние чија продажба би го олеснила буџетот е бразилскиот играч за врска.

Покрај заштедите, одлуките на челниците на клубот да го продадат Кутињо беа „спонзорирани“ и од добрите игри на младиот 18-годишен Педри, кој ужива голема доверба од Роналд Куман.

Инаку, бразилскиот играч за врска е четврти најплатен фудбалер во Барселона. Барселона ја чини 23 милиони евра годишно, така што неговата продажба сигурно ќе го олесни буџетот, но и ќе донесе многу потребни пари во касата.

Оваа сезона Кутињо одигра девет натпревари во Примера, постигнувајќи два гола на кои додаде две асистенции.

Да потсетиме, тој пристигна во Барселона во 2018 година од Ливерпул, а минатата сезона играше за Баерн како позајмен играч.