Шпанските медиуми денеска објавија дека Ернесто Валверде сигурно ќе биде отпуштен од тренерската позиција во Барселона.
Валверде оваа сезона не успеа да ја исполни главната цел и да ги однесе Барселона во финалето на Лигата на шампионите, а да бидат работите уште полоши, во саботата беше поразен во финалето на Копа дел Реј од Валенсија со 2:1.
Иако неодамна доби поддршка од Каталонскиот клуб, се чини дека тоа е минато. Медиумите во Шпанија тврдат дека Валверде сигурно ќе биде отпуштен и дека тоа ќе биде објавено во наредните денови.
Има шпекулации дека Роберто Мартинез, моментално селекторот на Белгија, би можел да го заземе местото. Мартинез слушнал за интересот на Барселона и испрати јасна порака.
„Јас нема да кажам “Да” пред да разговарам со претседателот и потпретседателот на фудбалската асоцијација на Белгија, тоа е сè што можам да ви кажам сега“, рече Мартинез.
Овој тренер со Белгијците има договор кој важи до 2020 година.