Од втората половина на осминафиналните двојки, најголемо внимание ќе привлече вечерашниот мече на Стенфорд Бриџ во Лондон, каде Челзи ќе ја пречека Барселона.
Во вториот натпревар во Минхен, германскиот првак Баер е домаќин на турскиот Бешикташ.
Двата меча започнуваат во стандардниот термин 20:45 часот, во кој утревечер ќе се играат средбите Севиља – Манчестер Јунајтед и Шахтјор – Рома.
Реванш дуелите од овие двојки се закажани за 13 и 14 март.