ФУДБАЛ

Барселона и Арсенал се договорија да го позајмат Обамејанг, но Габонецот се уште е „на чекање“

Пјер-Емерик Обамејанг најверојатно ќе го напушти Арсенал до крајот на зимскиот преоден рок.

Обамејанг е вкрстен во Арсенал поради кршење на клупската дисциплина и целта му е да си замине од Емирати бидејќи е свесен дека до крајот на сезоната нема да има шанса да игра за Микел Артета.

Во последните денови на големо се пишуваше дека Обамејанг сака да го доведе Барселона, која се уште бара вистинско засилување во нападот, а Габонецот сега е нивна главна цел.

 

Според каталонските медиуми, Обамејанг се согласил да замине во Барселона, а Арсенал е подготвен да го пушти Габонецот на позајмица до крајот на сезоната.

Сепак, и покрај тоа што договорија се со Обамејанг и Арсенал, челниците на Барселона имаат огромен проблем бидејќи не можат да пријават нов фудбалер додека не го намалат буџетот за плата.

 

Единствено решение да се оствари тоа е заминувањето на Усман Дембеле, но остануваат уште само неколку дена до крајот на преодниот рок, а прашање е дали тоа е воопшто изводливо.

 

Барселона се обидува да го продаде Дембеле кој не сака да го продолжи договорот, а доколку по некое чудо успее да го направи тоа, тогаш сигурно е дека Обамејанг кариерата ќе ја продолжи во каталонскиот клуб.

 

Арсенал и Барса се договорија за сите детали, но Обамејанг се уште е „на чекање“ и се надева на чудо и заминување на Дембеле за да може да го заземе неговото место на Камп Ноу.