Младиот фудбалер на Хофенхајм, Мелаиро Богарде е мета на великани како Барселона и Милан, пренесува Тутоспорт.
18-годишниот дефанзивец има договор со германски Хофенхајм до летото 2021 година, па Барселона и Милан се обидуваат да се договорат за слободен трансфер.
Каталонците оваа зима би можеле да одат по холандскиот дефанзивец бидејќи неодамна го загубија Жерард Пике и им е потребен стопер што побрзо.
Што се однесува до Милан, тој активно ги следи младите и талентирани фудбалери на пазарот.
https://youtu.be/xQWePFEwvPk