Барселона конечно се ослободи од еден играч кој беше товар на буџетот.
Откако минатата зима беше позајмен на Астон Вила, a денеска и официјално го откупи договорот на Филипе Кутињо.
Барселона неколку пати во минатото се обидуваше да се ослободи од Бразилецот, но конечно успеа и овој трансфер секако е големо олеснување за сите на Ноу Камп.
Вечерва Астон Вила и официјално потврди дека Кутињо е откупен и дека потпишал договор со клубот од Бирмингем до 2026 година.
Офанзивниот играч за врска на 16 меча во ПЛ успеа да постигне четири гола и три асистенции, па не размислуваа премногу да го купат на Вила Парк.
„Ова е брилијантно засилување за Астон Вила. Филипе е пример за професионалец и неговото влијание врз групата беше многу јасно по неговото пристигнување во јануари“, изјави менаџерот Стивен Џерард.
Aston Villa is delighted to announce the permanent signing of Philippe Coutinho from Barcelona for an undisclosed fee! 🙌
— Aston Villa (@AVFCOfficial) May 12, 2022
Барселона го донесе Кутињо од Ливерпул во јануари 2018 година за неверојатни 140 милиони евра, не сметајќи ги бонусите.
Времето покажа дека ова е најголемиот неуспех на каталонскиот гигант, бидејќи повеќе од четири години подоцна беше продаден за скромни 20 милиони евра.
Во спротивно, Барселона би можела да заработи уште нешто бидејќи во договорот има клаузула според која Каталонците имаат право на 50% од парите од идните продажби.