ФУДБАЛ

Барселона и Реал Мадрид му направија сериозен проблем на Хасан Салихамиџиќ

Шпанските великани Барселона и Реал Мадрид на спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, му направија сериозен проблем.

Салихамиџиќ веќе подолго време се обидува да го донесе фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане во редовите на Баерн. Честопати тој се среќава со агентот на овој фудбалер и се чини дека работата е многу блиску до завршување.

Сепак, во неговата работа се вмешаа и Барселона и Реал Мадри. „Даирио Спорт“ тврди дека шпанските гиганти влегоа во борба за 24-годишниот фудбалер и ќе се обидат да го доведат во своите редови.

Сити веќе ја постави цена од 100 милиони евра за Сане. Сепак, се претпоставува дека тие ќе добијат малку помала сума и интересно е да се види каде ќе заврши германскиот репрезентативец.

Сане е член на „Граѓаните“ од 2016 година, а има одиграно вкупно 134 натпревари и има постигнато 39 гола.

Интересно е што беше многу блиску до преселба во Баерн во летото 2019 година, но трансферот запре во последната минута.