ФУДБАЛ

Барселона има алтернатива доколку не успеат да го доведат Нејмар

Барселона заработи дури 222 милиони евра летото 2017 година, откако Нејмар се префрли во ПСЖ.

Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ е сеуште рекорд и тешко дека некој ќе може да го достигне тоа во скоро време. Но, по само две години, Нејмар се покаја што го напуштил каталонскиот клуб и се обидел да се врати минатото лето, но ПСЖ не се согласи.

Шпанските медиуми објавија дека Барселона ова лето ќе се обиде да го врати Нејмар во своите редови, но овој пат тие имаат алтернатива. Доколку не успеат да го договорат враќањето на Нејмар, тогаш ќе се свртат кон доведување на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Санчо најверојатно ќе го напушти Дортмунд на крајот од оваа сезона и се шпекулира дека сака да се врати во Англија. Но, во Барселона внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да му понудат на Санчо договор.

Сепак, проблемот е во тоа што Дортмунд бара 100 милиони евра за него, што Барса не е подготвена да плати толку во моментов. Јасно е дека фокусот ќе биде на Нејмар, но многу навивачи на Барса веруваат дека носењето на Санчо би бил многу подобар избор за клубот.