ФУДБАЛ

Барселона има неколку опции за доведување на Лаутаро Мартинез

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез сигурно ќе биде главна мета на Барселона ова лето.

Каталонскиот клуб е заинтересиран да го ангажира напаѓачот на Интер, а тие подготвија неколку опции за да го доведат. Лаутаро исто така има откупна клаузула од 110 милиони евра, но Барселона сака да го донесе за помалку пари.

Барселона планира да вклучи двајца играчи во доведувањето на Лаутаро. Првата цел е да го продадат Филипе Кутињо за да заработат доволно пари за овој трансфер, во кој што сакаат да го вклучат Видал.

Видал на тој начин би заминал во спротивна насока со уште 70 милиони евра и Лаутаро ќе пристигне во Барселона. Интер претходно покажа голем интерес за Видал и во Барселона се надеваат дека ќе се согласат на ваква понуда.

Желбата на Барселона е да го врати Нејмар и ова лето, но Лаутаро се чини дека е приоритет.