Барселона работи напорно за да најде замена за Луис Суарез.
Уругваецот има 32 години, а каталонскиот тим мора да размислува за иднината, но веќе неколку имиња се споменуваат како замена за Суарез.
Поради специфичната тактика и игра на Барселона не е лесно да се најде напаѓачи кои се вклопуваат во системот на играта на Каталонците, па во последно време се појавија и имињата на двајца играчи кои може да го заменат Суарез.
Првиот играч е фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, кој има 21 години и оваа сезона игра одлично, додека вториот е напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман кој е има 28 години и кој многу години обезбедува одлична игра.
Во Клубот мислењата се поделени за тоа кој треба да да пристигне од овие двајца играчи, а сега се појави и друго име, кое се најде на врвот на листата за да се донесе.
Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, кој има 21 година, одлично игра во тимот од „Олд Трафорд“. Рашфорд има одлична техника и брзина за да може совршено да се вклопи во Барселона.
Договорот на Јунајтед истекува во 2020 година и се уште не потпиша нов, а Каталонците сакаат да го искористат тоа, но проблемот е што Манчестер не сака да ја пушти својата млада ѕвезда.
Друга тешкотија е дека англиските играчи тешко решаваат да се преселат во шпански тимови, но дискусијата за доведување на Рашфорд се уште владее во каталонскиот клуб.