ФУДБАЛ

Барселона испрати понуда до Бетис за напаѓачот

Барселона доби дозвола од Ла Лига да довед напаѓач во своите редови и покрај тоа што јануарскиот преоден рок заврши пред две недели.

Но, после сериозна повреда се здоби со Усман Дембеле, кој ќе биде надвор од терените шест месеци, каталонскиот клуб има право да донесе нова засилување надвор од крајниот рок, но само од клубовите кои се натпреваруваат во Шпанија.

Голем број на имиња се поврзани со Барселона, но разбирливо е дека некој клуб тешко ќе му дозволи на нивниот напаѓач да замине во вториот дел од сезоната. Така, понудите на Барса беа одбиени од многу клубови, а сега нивна цел е Лорен од Бетис.

Шпанските медиуми објавија дека клубовите веќе биле во контакт и дека Барселона испратила понуда до Лорен. Каталонците се подготвени да платат 15 милиони евра за овој напаѓач и сега чекаат одговор на клубот од Бетис.

Лорен оваа сезона има одиграно 22 натпревари во Ла Лига и има постигнато осум гола. Оваа понуда за Бетис е секако примамлива, но единствениот проблем е што покрај Лорен, тимот има само еден класичен напаѓач.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига