Барселона на лето ќе се обиде да го привлече дефанзивецот на Севиља Жил Кунде. Тренерот Чави Ернандез сака да го засили тимот со одличен дефанзивец и го насочил вниманието кон францускиот репрезентативец, тврди „АС“.
Чави не е убеден дека ветеранот Жерар Пике може да издржи цела сезона како столб во одбраната. 35-годишниот фудбалер се повеќе се соочува со повреди поради кои пропушта важни натпревари. Затоа тренерот сака да има играч на кој може да смета и во лицето на Кунде гледа играч кој може да ја стабилизира одбраната уште многу години.