ФУДБАЛ

Барселона издаде итно соопштение, најавувајќи тужба

Откако беа објавени деталите за договорот во Ел Мундо, пристигна изјава од Барселона.

Ел Мундо Депортиво објави детали за договорот што Меси го потпиша со Барселона во 2017 година.

Според договорот, за кој Мундо Депортиво тврди дека има копија, Меси доби 555 милиони евра, што значи дека добивал 138 милиони евра годишно за последните четири години со дополнителни бонуси.

Аргентинецот зеде нешто повеќе од 115 милиони од бонусот само за потпишување нов договор, и скоро 78 милиони бонус за лојалност.

„Со оглед на информациите објавени денес во весникот Ел Мундо во врска со професионалниот договор потпишан помеѓу ФК Барселона и играчот Лионел Меси, Клубот жали што е објавен, бидејќи тоа е исклучиво приватен документ со кој се регулира принципот на доверливост меѓу страните. ФК Барселона категорично негира каква било одговорност за објавување на овој документ и ќе преземе соодветни правни активности против весникот Ел Мундо, за каква било штета што може да настане како резултат на ова издание “, се вели во соопштението на Барселона.