Фудбалерите на Барселона се пласираа во финалето на шпанскиот Суперкуп, бидејќи во Ријад победија по изведувањето пенали против Бетис со вкупен резултат 6:4.
По регуларните 90 минути натпреварот заврши без победник 1:1, а по дополнителни 30 минути беше 2:2. Барселона се пласираше во финалето по подобро изведување на пенали.
Головите за Барселона ги постигнаа Роберт Левандовски во 40. минута и Ансу Фати во 93. минута. Головите за Бетис ги дадоа Набил Фекир во 77. минута и Лорен Морон во 101. минута.
Барселона во финалето на 15-ти јануари ќе игра против Реал Мадрид кој синоќа ја совлада Валенсија исто така на пенали откако регуларниот дел беше 1:1.
