Шпанските медиуми синоќа објавија дека Барселона одлучила да го продаде Френки де Јонг на крајот од оваа сезона.
Шпанскиот новинар Жерар Морено синоќа ги изненади сите кога објави дека челниците на Барселона веќе извесно време се во контакт со Манчестер Јунајтед, а главна тема е холандскиот играч за врска.
Иако Де Јонг е стандарден во Барселона по доаѓањето од Ајакс, многумина сметаат дека тој не ги оправда целосно очекувањата.
Морено најави дека Барселона летово поради финансиски проблеми била принудена да продаде еден „капиталист“, а наводно изборот паднал на Де Јонг. Јунајтед го сака Холанѓанецот во своите редови, а трансферот би можел да изнесува околу 80 милиони евра.
Барселона реши да го продаде Де Јонг бидејќи се уште е на цена и се плашат дека ќе падне следната година доколку Холанѓанецот повторно заигра во малку полоша форма.
Сепак, трансферот не е толку блиску до реализација како што Морено најави синоќа. Главен проблем за челниците на Барселона е Чави Ернандез, кој едноставно не сака да остане без Де Јонг.
Чави разговараше со челниците на клубот и јасно стави до знаење дека продажбата на Де Јонг би била целосно погрешна, и дека тој е играчот на кој најмногу смета следната сезона.
Клубот не очекуваше дека Чави толку ќе се спротивстави на овој трансфер, па тренерот на Барселона едноставно јасно стави до знаење дека нема да даде зелено светло за продажба на Де Јонг без некое валидно објаснување.
Затоа, договорот со Манчестер Јунајтед би можел да пропадне, а Барселона би морала да најде друго решение и да продаде друг играч.