Ако може да им се верува на медиумите од Апенините, Миралем Пјаниќ веќе е отпишан во Барселона и му претстои нов трансфер по само една година поминати во Ноу Камп.
Пјаниќ пристигна во Барселона со големи очекувања, но наместо стартер, тој стана набудувач од клупата. Во втората половина од сезоната, тој собра само неколку настапи и заборави како изгледа да се биде стартер.
„Дон Балон“ тврди дека Пјаниќ е повторно поврзан со Баерн, кој го посакуваше репрезентативецот на БиХ додека беше член на Рома, а се споменува и наводното враќање во Милано.
Баварците се еден од најдобрите европски клубови, додека Росоњерите се вратија во Лигата на шампионите по долгогодишно отсуство и сакаат повторно да бидат конкурентни во елитното натпреварување.
Се наведува дека на Пјаниќ практично веќе е обесен знак над главата дека е на продажба, а Барселона се надева дека ќе успее да инкасира 30 милиони евра.
Каталонците би ја прифатиле таа понуда без да размислуваат премногу, но тешко е да се поверува дека некој ќе ги понуди бараните пари, особено по слабата сезона на 31-годишниот фудбалер.
El puesto de Miralem Pjanic puede ser para una apuesta de Joan Laporta https://t.co/hvw4BK1OH9
— Don Balón (@DonBalon) May 27, 2021
Се поизвесното е доаѓање на Георгинио Вијналдум и останувањето на Роналд Куман на клупата за Пјаниќ може да значи дека е време да ги спакува куферите.
Претходните пет години Вијналдум ги мина во Ливерпул, каде успеа да освои големи трофеи во Премиер лигата и Лигата на шампионите, а со Барселона договори тригодишен договор и ќе пристигне бесплатно.
По состанокот со управата на клубот предводен од претседателот Жоан Лапорт, челниците на Каталонците одлучија да ја продолжат соработката со Куман.
Каталонски „Спорт“ денес донесе информација дека управата гласала во корист на холандскиот стручњак, кој ќе ја води Барселона до новата сезона.
Куман ја предводеше Барса на 54 натпревари, победи 34, неговиот тим одигра нерешено девет пати и претрпе 11 порази.
Со Барселона, 58-годишниот тренер го освои Копа дел Реј, ја заврши Ла Лига на третото место и беше нокаутиран од ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.