Барселона го порази Хетафе во 24-то коло од Ла Лига на „Ноу Камп“ со 2:1.
Тимот на Сетиен се мачеше да стигне до три бода, иако во еден момент се чинеше дека триумфот ќе биде многу полесен отколку што се очекуваше.
Барса имаше водство од 2-0 на полувремето. Антоан Гризман им донесе водство во 33. минута, а 6 минути подоцнаа Серџи Роберто го постави резултатот 2-0.
Хетафе се врати во воторото полувреме. Човекот што Барселона сакаше да го доведе во своите редови беше Ангел Родригез влезе во игра во 52 минута, постигнувајќи го голот за 2-1 во 66 минута.
Тогаш Ангел имаше уште една голема шанса, но Марк-Андре тер Штеген некако успеа во два наврати да одбрани и да го спаси својот тим.
Гостите од Мадрид имаа постојани напади. Покажаа зошто се наоѓаат меѓу најдобрите на табелата во Ла Лига, но на крајот не успеаја да постигнат гол и Барса со многу среќа дојде до нови 3 бода.