ФУДБАЛ

Барселона, Јувентус и Реал Мадрид официјално останаа сами во борбата за Супер лигата

Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) денеска го прифати барањето за враќање во организацијата од девет „отпаднички“ клубови.

Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Милан, Интер и Атлетико Мадрид беа заедно со Барселона, Јувентус, Реал Мадрид меѓу екипите кои одлучија да ја создадат Супер лигата.

Сепак, по големиот притисок од навивачите и Федерацијата, тие одлучија да се откажат, а идејата за создавање се уште ја поддржуваат само Барселона, Јувентус и Реал Мадрид.

Овие тројца великани од денеска се официјално сами во борбата за Супер лигата. Сите други се вратија под покровителство на Европската асоцијација на клубови и тие повторно ќе станат членови на оваа организација.

Од друга страна, на самото трио му останува идејата за Супер лига и ќе видиме колку долго ќе трае нивната идеја.

Овие клубови јасно изјавија дека одбиваат да се откажат од идејата за Суперлига, но дека се подготвени да преговараат со УЕФА и ФИФА за иднината на фудбалот со цел да се обидат да го најдат најдоброто решение.