ФУДБАЛ

Барселона ќе прави зимска „чистка“

Како што објавија шпанските медиуми, Барселона во зимскиот преоден рок најверојатно ќе продаде шест играчи.

Претседателот Јосеп Мариа Баромеу побарал од финансискиот и спортскиот директор да ослободат дел од средствата на клубот.

Се шпекулира дека во Барселона ќе пристигне фудбалерот на Арсенал, Месут Озил за сума од 20 милиони евра, а на продажба најверојатно ќе одат Арда Туран, Андре Гомеш, Алекс Видал, Денис Суарез, како и Пако Алкасер.