ФУДБАЛ

Барселона конечно одигра натпревар без стрес и забележа рутински триумф

Барселона конечно одигра еден натпревар без стрес.

Во седмото коло од Ла Лига, тие рутински го совладаа Левнате со 3-0 во натпревар каде беа многу подобар ривал.

Барса поведе со 1-0 од шестата минута кога Депај беше сигурен од пенал.

Во 14 -та минута, на семафорот стоеше 2:0, а стрелец беше Де Јонг, на асистенција на Дест.

Каталонците имаа уште неколку добри прилики да го победат Леванте поубедливо, а конечните 3-0 ги постави Фати во првата минута од судиското надополнување.

Барселона сега скокна на петтата позиција на првенствената табела со 12 бода, пет помалку од лидерот Реал Мадрид. По киксовите против Гранада и Кадиз, навивачите на каталонскиот гигант можат да се одморат.

ПОВРЗАНО

Ла Лига