ФУДБАЛ

Барселона конечно одлучува за тренерот

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, потврди дека Кике Сетиен ќе остане тренер на каталонскиот тим следната сезона.

Иднината на Сетиен, кој го презеде управувањето со тимот во јануари по отказот на Ернесто Валверде, воопшто не е сигурна меѓу гласините дека ќе биде заменет со клупската легенда, Чави Хернандес.

Под негово водство, Барса му ја предаде титулата во Ла Лига на ривалот Реал Мадрид, но останува во борба во Лигата на шампионите и Бартомеу смета дека заслужува да биде тренер на тимот следната сезона.

„Чави е играч со кого имам одлична врска. Но, Кике Сетиен има договор со Барселона и останува уште една година“, рече Бартомеу на прашањето дали Чави ќе го замени Сетиен ова лето.

„Отсекогаш велевме дека Сетиен е наш тренер и тој ќе не одведе во Лигата на шампионите, трка која ни дава многу надеж“, додаде тој.

ПОВРЗАНО

Ла Лига