Фудбалерите на Барселона го совладаа тимот на Кадиз во 22. коло од Ла Лига со резултат 2:0.
Играта практично беше решена во првото полувреме кога беа постигнати двата гола.
Роберто погоди во 43. минута за водство на Каталонците.
Истиот играч неколку минути подоцна се најде во улога на асистент, а во судиското надополнување на првото полувреме кон стрелците се приклучи и Роберт Левандовски.
Барса е лидер на табелата во шпанското првенство со 59 бодови, седум повеќе од Реал Мадрид.
Кадиз е на 17. место со 22 бода.
Барселона во следното коло од Ла Лига ќе и гостува на Алмерија, додека Кадиз ќе го пречека Рајо Ваљекано.
