ФУДБАЛ

Барселона летово го „уништи“ Челзи: „не“ на Чави е причина за нова главоболка во Лондон

Летниот преоден рок ни понуди многу возбудувања досега.

 

Пред се, Килијан Мбапе го „издаде“ Реал Мадрид и остана во ПСЖ, Ерлинг Халанд се пресели во Манчестер Сити, а Роберт Левандовски во Барселона.

 

Каталонскиот тим е засилен и со Кунде, Кесие, Рафиња и Кристенсен и сите имаат заедничка врска со Челзи.

Кристенсен не го продолжи договорот со „сините“ и пристигна во Барселона, договорен е трансферот на Рафиња од Лидс, но играчот го одбра „Камп Ноу“, слична ситуација беше и со Кунде, а шампионите на Европа од 2021 година ги сакаа и Лева и Кесие, но завршија во Каталонија.

 

И Барселона е многу блиску да го скине Алонсо од Челзи, а единствената „победа“ на Челзи над Барселона е тоа што успеаја да го убедат Аспиликуета да го продолжи договорот и да не оди на Камп Ноу.

 

Сега од Барселона доаѓаат нови главоболки за сините. Имено, лондонскиот тим беше блиску до доведување на Пјер-Емерик Обамејанг, управата на Барселона се согласи на негово заминување, но Чави прекина се.

 

Како што пренесува шпански АС, тренерот не ни помислува да остане без Габонецот бидејќи го смета за еден од клучните играчи во обидот да ги врати трофеите на витрините на славниот шпански клуб.

 

Чави верува дека може да игра со Обамејанг каде било во нападот, па затоа Африканецот најверојатно ќе игра на крилната позиција, додека врвот во нападот е резервиран за Левандовски.

 

Поранешниот играч од средниот ред пред управата изјави дека не го продава Обамејанг под никакви услови, дури и ако неговото заминување финансиски би му помогнало на клубот.

 

Габонецот многупати во кариерата играше на крилните позиции и иако не ги забележа истите бројки како во централниот дел, имаше солидни партии.