Екипата на Барселона со години е во големи долгови.
Каталонскиот гигант е во значителни финансиски проблеми кои дојдоа до израз за време на пандемијата кога немаше приходи, па Барса беше принудена да „крати“ голем број трошоци за да се извлече.
За среќа на тимот од Камп Ноу, играчите се договорија значително да им се намалат платите и да им бидат исплатени договорните обврски во наредните години.
View this post on Instagram
Така, каталонскиот тим им е должен на многу фудбалери, а меѓу најголемите долгови е оној кон Жерар Пике. Новинарот Жерар Ромеро тврди дека на искусниот стопер Барса му должи дури 50 милиони евра.
Според договорот, Барселона треба да ги плати сите долгови кон играчите откако ќе го напуштат клубот, а на Пике е се поблиску.
View this post on Instagram
Жерар Пике е дете на Барселона. Кариерата ја започна во младинските селекции, но до првиот тим стигна по заобиколен пат преку Манчестер Јунајтед и Сарагоса.
Со каталонскиот гигант во чии редови се врати во 2008 година освои апсолутно се. Тој одигра 606 натпревари и постигна 52 гола.