Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, целата своја кариера ја помина досега во Барселона, но се чини дека тој може да го напушти каталонскиот клуб ова лето.
Меси е незадоволен од резултатите на Барселона во претходните сезони, и не е тајна дека тој не е на добри услови со челниците на клубот. Аргентинецот бара промена на раководството и не е среќен што Роналд Куман е избран за нов тренер затоа што таму го очекуваше Чави.
Со денови е најавувано дека Меси сака да ја напушти Барселона, и дека ќе го стори тоа летово. Тој има договор со Барселона уште една година, но очигледно е дека тој веќе не може да гледа што се случува во каталонскиот гигант.
Сите угледни шпански медиуми објавија пред неколку дена дека Меси размислува за својата иднина и дека донел одлука дали ќе остане или ќе ја напушти Барселона.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Меси донесе одлука и дека ќе ја објави својата одлука многу наскоро, но многумина веруваат дека тој ќе ја напушти Барселона, и дека ова е крај на една ера. Навивачите на Барселона сигурно чекаат со големо нетрпение Меси да објави за неговата иднина и се надеваат дека шпекулациите за заминување не се вистинити.