ФУДБАЛ

Барселона најавува големо засилување во петок

Екипата на Барселона би можела да објави големо засилување во петок.

По Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, новиот фудбалер на каталонскиот гигант ќе стане и членот на холандската репрезентација Мемфис Депај.

Одличниот напаѓач ги договори сите услови во врска со договорот со Барселона и тој многу брзо ќе стане нов член на овој клуб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Memphis Depay (@memphisdepay)

Каталонскиот клуб се надева дека работата ќе биде завршена непосредно пред почетокот на Европското првенство (петок) и многу лесно може да се случи да го објават потписот на Депај во петок.

27-годишниот напаѓач играше за Лион во изминатите четири и пол години, каде што обезбеди навистина одлични игри.

За „лавовите“ одигра вкупно 178 натпревари и постигна 76 голови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Memphis Depay (@memphisdepay)

Претходно во својата кариера играше за Манчестер Јунајтед, каде не се прослави, а славата ја стекна во дресот на ПСВ Ајндховен.

Зад Депај е навистина одлична сезона во Лион во која тој постигна 22 гола и 12 асистенции на 40 натпревари.

Депај, како Гарсија и Агуеро, би пристигнал на Камп Ноу како слободен агент.