Доаѓањето на Чави Ернандез на клупата на Барселона најверојатно ќе донесе одредени промени во играчкиот кадар на „каталонската гордост“ во следниот преоден рок.
Се повеќе играчи се поврзуваат со Барселона, а шпанските медиуми денеска пишуваат дека одбранбениот играч на Челзи, Цезар Аспиликуета е интересен за каталонскиот клуб.
Наводно, Барселона е подготвена да влезе во преговори со споменатиот фудбалер, чиј договор со Челзи истекува на крајот од сезоната, кој се уште не е продолжен.
Барселона со реализација на овој трансфер бесплатно би добила квалитетен фудбалер, а наводно и самиот Цезар Аспиликуета нема ништо против неговото доаѓање во Барселона.
Да додадеме дека искусниот шпански фудбалер во Челзи пристигна во 2012 година од Марсеј, а настапуваше и за Осасуна, која ја напушти во 2010 година.
За Челзи одигра вкупно 444 натпревари, постигна 14 гола и додаде 56 асистенции. Сезонава за Челзи одигра 15 натпревари на кои забележа три асистенции.