Френки де Јонг застана на страната на својот тренер, кој ризикува да биде отпуштен од функцијата во наредните часови
Роналд Куман никогаш не бил поблиску до отказ од Барселона.
Каталонскиот гигант катастрофално ја започна новата сезона.
Барса синоќа го претрпе вториот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Никогаш не се случило овој клуб да ја започне сезоната толку лошо во ЛШ.
Во меѓувреме, Барса победи само на еден од првите пет натпревари сезонава. За ова, холандскиот тренер може да добие отказ во следните часови.
Меѓутоа, играчот за врска Френки де Јонг застана на страната на тренерот и неговиот сонародник. Холандскиот претставник вели дека Куман не треба да биде отпуштен од позицијата тренер.
Според играчот за врска, Куман не е главниот проблем на слабите резултати. Сепак, директорите на Барса ги разгледуваат алтернативите на Куман за новиот тренер на тимот.