Актуелниот шпански шампион Барселона, наводно, подготвила одлична понуда за стоперот на Наполи, Калиду Кулибали.
„Спорт“ пишува дека Барселона подготвила интересна понуда за дефанзивецот, а станува збор за сума од 40 милиони евра и дури тројца играчи.
Андре Гомез, Пако Алкасер и Денис Суарез се дел од пакетот, кој го нудат каталонците на Наполи и очекуваат одговор од контроверзниот претседател на тимот, Аурелио Де Лаурентис.
За Кулибали одамна постои интерес, а претходно Наполи одби понуда од Челси.