ФУДБАЛ

Барселона очекувано го порази последниот тим во лигата

Барселона успеа да оствари победа од 2:1 во натпреварот против Легањес, кој се наоѓа на последното место на табелата во Ла Лига. Сепак, на Каталонците не им беше лесно да ги преземат овие три бода, бидејќи мораа да направат пресврт близу крајот на натпреварот.

Лидерот на Ла Лига, Барселона, денеска во 13 часот го посети Легањес кој е на 20-то место на табелата. Иако домаќинот се бореше, Барселона ги доби трите бода што беа потребни за да ја одржи лидерската позиција.

Тимот на Ернесто Валвердес имаше посед на топката со 78 проценти. Додека Легањес имаше вкупно девет удари, од кои четири беа во рамките голот, Барселона имаше вкупно десет, само еден повеќе од противникот во рамките на голот.

Ефикасноста на Легањес пред голманот Тер Штеген, беше забележана во 12-та минута од натпреварот, кога Јусеф Ен-Несири погоди од првиот обид на својот тим.

Барселона успеа да го преполови резултатот во второто полувреме. Голот го постигна Луис Суарез во 53-та минута, по асистенција на Меси, додека голот во 79-та минута го постигна Артуро Видал, чиј погодок беше потврден од ВАР, поради сомнение за офсајд позиција.

Со оваа победа, Барселона ја задржува првата позиција на табелата, со акумулирани 28 бода од 13 натпревари, три бода повеќе од Реал Мадрид кој има натпревар помалку.

ПОВРЗАНО

Ла Лига