ФУДБАЛ

Барселона одлучи кога Пјаниќ ќе биде официјално претставен

Миралем Пјаниќ оваа недела конечно се приклучи на подготовките на Барселона за новата сезона.

Пјаниќ тренираше самостојно во тренинг кампот на каталонскиот клуб, а денес треба да се приклучи на остатокот од тимот. Пјаниќ потпиша четири сезонски договор за Барселона ова лето и многу се очекува од него на „Камп Ноу“.

Според шпанските медиуми, Пјаниќ веќе го одбрал бројот во новиот клуб, па решил да ја позајми „осумката“ што неодамна ја носеше легендарниот Андреас Иниеста.

Исто така, шпанскиот новинар Ромеро вечерва објави дека клубот донесе одлука Пјаниќ да биде официјално претставен на „Камп Ноу“ во вторник.

Планирано е Пјаниќ прво да им се обрати на новинарите, а потоа да го потпише договорот. Потоа, тој ќе ја облече клупската опрема во соблекувалната, проследена со презентација на „Камп Ноу“ и фотосесија.