Францускиот напаѓач Антоан Гризман најверојатно ќе ги пропушти последните два натпревари во Ла Лига.
Гризман беше повреден вечерва на натпреварот против Ваљадолид. Неговиот квадрицепс е повреден и според првите информации, неговиот настап на последните два натпревари е под големо прашање.
Ова е секако вистински штета за Французинот кој играше добро во последно време, но Барса веројатно ќе се обиде да ја освои шпанската титула без негова помош.
Ако ова навистина испадне дека е крај за Гриеман, тој оваа сезона ја заврши во Ла Лига со учинок од девет гола и четири асистенции на 35 одиграни натпревари.
Малку за еден човек за кој се платени 120 милиони евра ..