ФУДБАЛ

Барселона остана без Кутињо

Роналд Куман нема да може да смета на Филпи Кутињо во наредниот период.

Кутињо го одигра целиот натпревар против Реал Мадрид, но утринските прегледи покажаа дека заработил повреда за време на натпреварот.

Барселона потврди дека бразилскиот напаѓач ја повредил тетивата и не е познато колку долго ќе паузира.

Каталонскиот гигант во среда ќе игра против Јувентус на гости и Кутињо нема да се натпреварува за тој натпревар, што е дополнителен проблем за Роналдо Куман.

Куман нема да може да смета на суспендираниот Жерард Пике, па јасно е дека Барселона ќе биде ослабена против италијанскиот шампион.